За проектот
Кампањата ja спроведува Македонското здружение на млади правници во соработка со Национална комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Република Северна Македонија во рамки на проектот на УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите. Веб страната продолжи да се одржува и надоградува и да биде дел од кампањите „BLOCK зa Cyber Trafficking“ и „За работничките права нема сезона“ спроведувани од Македонското здружение на млади правници во соработка со Национална комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Република Северна Македонија во рамки на проект поддржан од Германското друштво за интернационална соработка – Канцеларија Скопје (ГИЗ).